
“Вистина – La Verite” е масонска ложа која работи под покровителство на Големиот Ориент на Франција, најстарата и најголемата либерална масонска обедиенција во континентална Европа.
Како дел од оваа масонска обедиенција, ложата ја црпи својата легитимност од повеќевековната традиција на француското слободно ѕидарство.
“Вистина – La Verite” ги споделува основните вредности на Големиот Ориент на Франција: слобода, еднаквост, братство и почитување на човековото достоинство.
Ложата работи на интелектуално, морално и социјално усовршување на човекот и општеството.
Во своето делување, “Вистина – La Verite” ја негува апсолутната слобода на совеста и се спротивставува на секоја форма на догматизам.

Дијалогот, толеранцијата и братската солидарност се основни принципи во масонската работа на оваа ложа.
Како дел од Големиот Ориент на Франција, ложата се вклучува во размислување за современите општествени прашања, човековите права и напредокот на општеството.
“Вистина – La Verite” го следи хуманистичкиот пат, ставајќи го човекот и неговото слободно развивање во центарот на масонската дејност.
На тој начин, нејзините членови претставуваат продолжение на духот на Просветителството и француската масонска традиција.