Добивање на светлина
За Слободните Ѕидари Светлината спаѓа во најбитните симболи кои ја сочинуваат главната структура на Масонеријата. Тоа не е само првиот симбол кој церемонијално му се претставува на иницираниот Масон туку е симбол кој го следи во текот на целото негово напредување и истражување на Кралската Уметност.
Нека биде Светлина е првиот чин на создавање на севкупниот свет, Нека му се даде светлина се првите зборови кој иницираниот Масон ги слуша и гледа како Масон. Светлината е симбол на создавање, симбол на постоење.
Масонеријата познава два вида на добивање на светлина и тоа добивање на светлина со која се формира и заживува Масонска Ложа во која Масоните работат и патуваат трагајѓи по вистината и работејќи на себе, и светлината која секој Масон ја добива по иницијацијата.
Добивањето на Светлината и во двата случаја се одвива според строго утврдени правила и ритуали.