Уставот на Андерсон

Со Уставот на Андерсон, кој и ден денес е основен документ според кој се раководат Масоните , во членот 2 е дадена дефиницијата на Масонеријата, кој гласи:

“Масонеријата, која во суштина е филантропска, филозофска и прогресивна, има за цел потрага по вистината, проучување на моралот и манифестација на солидарноста. Таа работи на материјално и морално подобрување, на интелектуалниот и опшествениот напредок на човештвото.

Нејзини принципи се:  меѓусебна толеранција, почит кон другите и самиот себе и целосна слобода на совеста.

Имајќи предвид дека сите метафизички сфаќања се подложени исклучително на личното расудување на нејзините членови, масонеријата не прифаќа ниедно догматско тврдење.

Слоганот на масонеријата е: “Слобода, Еднаквост, Братство.”