Вистина –    La Verite

“Вистина – La Verite” е масонска ложа која работи под покровителство на Големиот Ориент на Франција, најстарата и најголемата либерална масонска обедиенција во континентална Европа.

Како дел од оваа масонска обедиенција, ложата ја црпи својата легитимност од повеќевековната традиција на француското слободно ѕидарство.

Дали слободното ѕидарство е тајно?

Прашањето за „тајноста“ на слободното ѕидарство се појавува секогаш кога ќе се спомне зборот масонерија. Едни го замислуваат како невидлива мрежа што владее со светот, други како нешто мистично и недопирливо. Вистината е многу поедноставна – и многу по¬човечка.

Кој може да пристапи

Кога човек првпат ќе се запознае со масонството, природно се појавува прашањето: „Дали ова е за мене?“ или „Дали воопшто имам право да пристапам?“ Долго време околу масонството кружеле митови дека е затворен круг за „одбрани“, за богати, моќни или посебно „привилегирани“ луѓе. Реалноста е сосема поинаква и многу попроста: масонството е пат на внатрешен развој, и како таков е отворен за секој човек кој искрено сака да работи на себе и да придонесува за заедницата.

Што е Масон ?

Масон е член на слободното ѕидарство – братска, иницирачка и симболичка заедница која работи на морално, духовно и интелектуално усовршување на човекот и на подобрување на општеството. Тоа не е религија, не е политичка партија и не е тајно друштво во смисла на фантазии и теории на заговор, туку дискретно здружение на луѓе кои свесно избрале да работат на себе и да градат повисоки човечки и општествени вредности.

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Комплексноста на современото живеење и обврските во „профаниот свет“ обезбедуваат различни можности, но исто така и ограничувања во домените на наоѓање на оние луѓе со кои може да се спроведе сличен или ист начин на духовност. Исто така, постои поголема слобода на комуникација и поотворени канали на знаење.

„И светлината силно светеше во мракот, и тој не ја ОБЗЕДЕ “