Химна на Ложата

Под превезот на темнината,

под знакот на тишината,

од раката на Почитуваниот

ја добив светлината.

Седам во колоните

со Браќата Масоните,

во нашата Ложа

со престилка од јагнешка кожа.

Како дете на вдовицата ,

со аголникот и шестарот,чеканот и оштрицата

градам и креирам,

на доблестите им салутирам.

Го градам нашиот Масонски Храм.

ги следам стапките на Големиот Хирам

работам со Браќата,без суета и срам,

го делкам каменот во себе си сам.

Станите Браќа, формирајте круг

Братската верига , сплотени, еден до друг.

Дигнете рака и ветете од името на сите нас

Во слогата и Братската љубов е спас.

Во строј Браќа во колоните

со поздравот на Ложата Вистина Ла Верите

силно, сложно викнете

Liberte, Egalite , Fraternite