Најчесто поставувани прашања

ШТО ЗНАЧИ ДА БИДЕШ МАСОН - СЛОБОДЕН ЅИДАР

Прашањето: Што значи да бидеш слободен ѕидар? не е изненадувачко. Иако слободните ѕидари се припадници на најголемото и на најстарото братство на светот, иако меѓу нив има многу татковци, дедовци или роднини, кои, исто така, биле слободни ѕидари, многу луѓе сé уште не се сосема сигурни што значи да се биде слободен ѕидар.

Одговорот е едноставен. Слободен ѕидар е член на братство познато како слободно ѕидарство. Братството претставува група на мажи (како што сестринство е група од жени) што се здружиле затоа што:

  • има нешто што сакаат да направат за светот;
  • има нешто што тие сакаат да направат во себе самите;
  • што уживаат во друштвото на особите што ги сакаат и почитуваат.
ШТО Е СЛОБОДНО ЅИДАРСТВО

Слободно ѕидарство е најстаро братство на светот. Никој не знае точно колку е тоа старо зашто неговите вистински почеточи се изгубени во времето. Најверојатно, создадено е од гилди (занаетчиски здруженија), каменоресци, кои во средниот век граделе замоци и катедрали. Можно е на нив да дејствувале витезите темплари, група на христијански војници – монаси кои се формирале во 1118 година за да ги заштитуваат аџиите на нивниот пат низ Светата Земја.

Слободното ѕидарство станало формална организација во 1717 година, кога се создала првата Голема ложа во Англија. Големата ложа е административно тело што управува со слободното ѕидарство на одредена географска територија.

ШТО Е ЛОЖА

Зборот ложа означува група на слободни ѕидари што се состануваат: во некој објект, во соодветна просторија. Нивните градби, исто така, понекогаш се нарекуваат и храмови, бидејќи многуте симболи со кои слободните ѕидари се подучуваат потекнуваат од градбата на храмот на кралот Соломон во Светата Земја. Терминот ложа потекнува од објектите што каменоресците ги правеле до катедралите за време на нивната изградба. Назима, кога градбата би требало да се прекине, тие живееле во овие ложи и го обработувале каменот за градба.

Во ложата постојат офицери, од кои е најважен, почитуван старешина, тој што седи на исток. Почитуван е термин со кој се искажува почитување. Тој се нарекува старешина, што е некој вид архаизам. Во другите, подоцна создадени организации, едноставно би го нарекле претседател. Првиот и вториот надзорник се прв и втор потпретседател.

Во секоја ложа има олтар, во кој се наоѓа Книгата на Светиот закон. Во европските земји, како и во САД и во Канада, тоа е секогаш Библија. Но може да биде и некоја друга книга.

СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО НЕШТО ПРАВИ ВО СВЕТОТ

Слободното ѕидарство учи дека секој поединец е должен да ја направи состојбата во светот подобра. Повеќето не спаѓаат во оние што ќе го пронајдат лекот против рак, ниту, пак, да го искоренат сиромаштвото или да помогнат да се оствари мир во светот, но секој маж, жена или дете можат да им направат нешто на другите, да им помогнат и работите да ги направат малку подобри.

Слободното ѕидарство најсериозно се обидува да им помогне на луѓето.

Во Соединетите Држави, на пример, секојдневно се вложува повеќе од 1,4 милиони долари, само животот да се направи малку полесен. Најголемиот дел од таа помош оди кај оние што не се слободни ѕидари, како што се: болници за осакатени деца, за деца што се жртви на изгореници, за сиротилишта и др.

СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО ПРАВИ НЕШТО “ВО САМИТЕ” СЛОБОДНИ ЅИДАРИ

Развивај се или умри е големиот закон на природата. Повеќето луѓе чувствуваат потреба постојано да се развиваат. Тие чувствуваат дека не се толку чесни, или толку племенити, или толку чувствителни, или толку способни да сакаат, или толку вредни за доверба, или така добро информирани колку што би требало да бидат. Слободното ѕидарство постојано и секогаш ги потсетува своите членови на значењето на овие карактеристики и на образованието. Човекот има потреба да се здружи со други луѓе од чесност и чест, кои веруваат во чесност, сочувство, љубов, доверба, знаење.

На некој начин, слободното ѕидарство е група за помош на човекот што се обидува да донесе правилни одлуки. Полесно е да се придржувате на ваквите особини кога знаете дека луѓето што ве опкружуваат, исто така, ги сметаат за важни и дека нема да ви се смеат. Тоа е главната причина што слободните ѕидари уживаат во заедничкото дружење.

СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ УЖИВААТ ВО ЗАЕДНИЧКО ДРУЖЕЊЕ

Убаво е да се минува времето со луѓе во кои можете потполно да верувате, а повеќето слободни ѕидари токму тоа го наоѓаат во своите ложи. Иако многу време во ложите се посветува на дела од милосрдие или на поуки за самоусовршување, многу се обрнува внимание и на другарството. Ложите организираат излети, патувања и многу други случувања за целото семејство. Едноставно, ложата е место каде што ќе се помине времето со пријатели.

Има две форми на сретнување на ложата. Првата е нешто што може да се нарече како деловен состанок. За отворање и затворање на собирот има ритуал, чија цел е потсетување на оние особини за кои се очекува да се придржуваат. Потоа се читаат записници; се гласа за прием (од молбите на луѓето што сакаат да се придружат во братството); се планираат добротворни работи и други активности на ложата; се разменуваат информации за членовите (што се нарекуваат браќа) кои се болни или на кои им е потребна некоја друга  помош. Друга форма  на  состанување е кога некој пристапува во братството и кога се доделуваат степени.

ШТО Е СТЕПЕН

Степенот е положба или ниво на членството. Пропишан е посебен ритуал со кој членот ја добива својата положба во членството. Има три основни степени: ученик, помошник и мајстор. Овие имиња потекнуваат од старите занаети. Кога некој во среден век би почнал да учи занает, на пример за дрводелец, прво бил ученик. Мајсторите го учеле ученикот за алатите и за основите на занаетот. Кога ќе ја докажел својата способност, станувал помошник, а кога ќе го совлада занаетот, станувал мајстор на занаетот.

Степените се некој вид драмска претстава во која учествува кандидатот. Во секој степен се користат симболи за учење, како што тоа се правело во претставите на средниот век и како што тоа се прави и денес во многуте драмски претстави.

Слободните ѕидарски степени учат за големите животни лекции за важноста на честа и цврстиот карактер, за тоа дека треба да се биде особа во која другите луѓе можат да се доверат, за тоа дека секој поседува своја духовна природа таква каква што ја има физичката или анималната, за важноста на самоконтролата, за знаењето да се сака и да се биде сакан, за знаењето да се чува тајната за тоа што другите ви го раскажале, па тие да можат да се отворат без страв.

ЗОШТО Е СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО “ТАИНСТВЕНО”

Слободното ѕидарство не е таинствено, иако понекогаш ужива таква репутација. Сосема е сигурно дека слободните ѕидари не се кријат дека се членови на братството. Носат прстени, петлици на кошулите и кравати со ѕидарски знаци, како што се: аголник и шестар, најпознати ѕидарски знаци што, потсетуваат на старите почетоци на братството во каменорезачкиот занает. Нивните згради, обично, се сосема јасно означени и често адресите можат да се најдат во телефонските именици (обично во САД и Канада, кај нас не). Активностите на ложите не се тајни, посебно во помалите градови, а многу ложи имаат и свои публикации, како и посебни адреси на интернетот достапни за секого. Но, сепак, има некои ѕидарски тајни што можат да се поделат во две категории.

Првата е начинот на кој човекот може да биде идентификуван како слободен ѕидар поздравување со рака и лозинки. Причината зашто тоа го чуваат за себе е јасен. Познати се многу бескруполозни особи што се обидувале да се претстават како слободни ѕидари со цел да добијат помош под лажен изговор.

Втората категорија потешко се објаснува. Не разбирливо е што подразбираат ѕидарите кога зборуваат за ѕидарските тајни. Тоа се тајни затоа што за нив буквално не може да се зборува, не можат да се искажат со зборови. Тие ја изразуваат онаа промена што во човекот се одвива кога вистински ја прифаќа одговорноста за сопствениот живот и, во исто време, вистински одлучува дека се среќни во помагањето на другите. Тоа е убаво чувство, ама е нешто што не може едноставно да се објасни. И тоа е причина зашто понекогаш се кажува дека ѕидарските тајни не смеат (не би требало) да се кажуваат. Обидете се некому да му објасните што чувствувате кога го набљудувате убавото заоѓање на Сонцето или кога слушате убава музика, на пример, националната химна што разбудува спомени и ќе разберете што сакаме да речеме.  

Во светот постоеле многу тајни друштва, а посебно во мода беа кон крајот на 19 и во почеток на 20 век. Имало со стотици. Многу луѓе членувале во исто време во повеќе од нив. Многу биле формирани по урнекот на слободното ѕидарство. Сите многу држеле за своите тајни. Слободното ѕидарство меѓу нив уживало голем углед. Ама, ако е слободното ѕидарство тајно друштво, тогаш тоа било најлошо чувана тајна на светот.

ДАЛИ Е СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО РЕЛИГИЈА

Слободното ѕидарство не е религија. При собирањето ѕидарите користат ритуал. Бидејќи во нивната просторија има олтар или маса на која што стои Книгата на светиот закон/ или Конституцијата отворена додека работи ложата, некои луѓе го измешале слободното ѕидарство со религија. Но тоа не значи дека религијата не игра голема улога во слободното ѕидарство.

Понекогаш луѓето го мешаат слободното ѕидарство со религија затоа што некои ѕидарски градби се наречени храмови. Но, тоа се прави во иста смисла со објектите во кои се наоѓаат судовите или факултетите и се нарекуваат храмови на правдата или храмови на образование. Слободното ѕидарство, како ни судството или образованието, не се религија само затоа што нивните припадници се собираат во храмови.

Тој што верува во вредноста на образованието може, на различни начини, да го помага. Тој може да мисли дека ниту еден маж или жена не може да биде потполна ниту целосна личност без образование, ниту, пак, да може целосно да си ги искористи своите можности. Тој може да ги охрабрува студентите да останат на студиите и да ги помага образовните установи.

Ама постои нешто што таквата личност нема да прави. Нема да подучува. Нема да ги подучува другите во кое училиште да одат. Нема да им зборува што мора да студираат или која тема мораат да ја одберат за дипломска работа.

Слободните ѕидари ја разбираат важноста на религијата. Слободното ѕидарство го прифаќа секој слободен ѕидар кој сакак да биде активен во онаа религија и црква што сам ја одбрал, да верува или да не верува во Големиот Архитект на Универзумот, како го нарекуваат Бог.

Слободното ѕидарство не ги учи луѓето на која религија треба да припаѓаат, ниту, пак, на начинот на кој ќе се почитува. Тоа е прашање на поединецот и на Бога. Тој тоа мора да го решава местото на кое му оддава почитување на Бога, а не во своето братство. Значи, слободното ѕидарство е братство, не е религија.

Либералното ѕидарство им дозволува потполна слобода на своите членови да веруваат или да не веруваат во Бога. Со тоа докажуваат дека се потполно слободни.

АКО СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО НЕ Е РЕЛИГИЈА, ЗОШТО КОРИСТИ РИТУАЛ

Многу луѓе веднаш мислат на религија кога ќе се помисли на ритуал, ама ритуалот се користи во секое животно подрачје. Тој е во толкава голема мера дел од нас што едноставно не го забележуваме. Ритуал значи дека некои работи  секогаш  се  работат скоро на ист начин.

На пример, скоро сите училишни претстави почнуваат на ист начин, така што директорот на училиштето, или некоја друга важна личност, му се обраќа на насобраниот народ, ги моли  присутните за внимание. Потоа хорот пее песни. Тоа е ритуал.

Скоро сите деловни состаноци, од различен тип, почнуваат со читање на записникот од претходната седница. Прво се занимава со стари работи, потоа преминува на новите. Тоа е ритуал. Има и пишани упатства како успешно се води деловен состанок. И тоа е книгата на ритуалот што се употребува во секојдневниот живот.

Има општествен ритуал. Тој укажува како да се среќаваме со луѓето (ги стегнуваме рацете), како се води разговорот (се чека некој да заврши, па потоа се зборува), како да купиме билети за концерт (се чека во ред и не се турка пред оние кои веќе биле први). Буквално има со илјадници слични примери и сите тие претставуваат ритуали.

Слободното ѕидарство употребува ритуал, бидејќи тоа е деловен начин за учење важни идеи вредности што претходно се кажани. Ритуалот нé потсетува на тоа каде сме,  како што ритуалот на деловниот состанок ги потсетува луѓето каде се и што од нив се очекува да прават.

Слободниот ѕидарски ритуал е многу богат бидејќи е стар. Се развивал низ векови за во себе да содржи убав јазик и идеи изразени преку симболи. Но, нема ништо невообичаено во користењето на ритуалот. Сите ние тоа го правиме секој ден.

ЗОШТО СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО КОРИСТИ СИМБОЛИ

Сите секојдневно користиме симболи исто како што ги користиме и ритуалите. Тоа го правиме за побрзо да комуницираме.

Кога во сообраќајот ќе видиме знак стоп, знаеме што значи тој и тоа многу побрзо отколку што ќе го прочитаме самиот збор стоп. Круг и црта значи не го прави тоа или тоа е забрането. Всушност, употребата на симболите е најстар начин на комуникација и најстар начин на подучување.

Слободното ѕидарство симболите ги користи од исти причини. Некоја положба на аголникот и шестарот претставуваат најмногу користени и најпознати симболи на слободните ѕидари. На некој начин, овој симбол е вид на заштитен знак на братството, како што е тоа златен лак за рестораните на Мк Доналдовите ресторани. Кога на зградата ќе забележите аголник и шестар знајте дека тука се собираат слободните ѕидари.

Секој симбол има свое значење.

Аголникот ги симболизира работите на земјата и ја симболизира: честа, постојаноста на карактерот, љубителство на вистината и други начини со кои би тербало да се однесуваме кон овој свет и кон луѓето во него. Шестарот ја симболизира состојбата на  духот, значењето на добро водениот духовен живот и,  исто така, значењето на самоконтролата држење на самиот себе во соодветни граници. Буквата Г е геометрија, наука за која старите верувале дека најдобро ја открива славата на Бога и неговите дела на небото, а, исто така, претставува и божество што мора да биде во центарот на сите наши мисли и напори.

Значењето на најголемиот број други ѕидарски симболи е, исто така, очигледен. На пример, чеканот учи на значењето на самоконтролата и самодисциплината. Песочниот часовник учи дека времето постојано минува и дека не треба да се одложуваат важните одлуки. Токму затоа во некои случаи времето што треба да се употреби за нешто се мери со песочник наместо со часовник. На пример, во бања и сл.

Симболот свастика (Сњастика) е рамностран крст на кој краците му се свиени под прав агол, сите во ист ротациски правец. Се користи низ светот како симбол на просперитет и среќа. Во Индија се уште е најчестиот симбол што носи среќа за Индусите и за џаинизтите, како и кај будистите, за кои ги симболизира стапалата или отпечатоците на стапалата на Буда. Во Кина и во Јапонија, каде што се проширил со ширењето на будизмот, се користел за да се означи плуралитет, просперитет и долг живот. Се јавува како мотив во раната христијанска и будистичка уметност како и во уметноста на Маите и на племето Навахо. Свастиката, чиишто стрелки се во обратна насока од стрелките на часовникот, наметната како  главен антисемитски симбол во 1910 год.  од германскиот поет и националист Гвидо фон Лист, била прифатена како симбол на Нацистичката партија при нејзино основање во 1919-1920 год.

Масоните, покрај тајноста што ја практикуваат, знаат да остават впечатлив масонски потпис. Масонската иконографија е специфична, многу карактеристична, но, честопати, така поставена што е прикриена и непрепознатлива за обичниот свет. Тие симболи се поврзани со градителската традиција од средниот век, односно имаат корени уште подлабоко во минатото, во времето на големиот мајстор Хирам Абиф и подигањето на Соломоновиот храм. Знаците со кои се служат масоните се бројни и сите тие имаат голема симболика и значење што на профаните  не  им  е достапно.

Сепак, оние најпознатите: шестар, линијар, аголник, висок, севидливото око… можат да се препознаат на многу јавни места како сведоштво за масонската присутност.

Дали навистина се работи за чисто масонски симболи или, пак, за симболи преземени од христијанската или, пак, од еврејската, кабалистичка традиција?  Којзнае! Оние што се занимаваат со оваа проблематика велат дека масонскиот тајнопис не бил секогаш ставан со дозвола на нарачателот, туку дека изведувачите дискретно оставале масонски белези видливи само за оние што биле дел од тие тајни.

Во православниот свет, посебно на овие простори, не се забележани големи нетрпеливости. Тоа не значи дека православието го прифаќа слободното ѕидарство, но, во секој случај, значи дека имало одредена толеранција. Има примери кога свештени лица од високи црковни кругови биле припадници на масоните, како, на пр., бугарскиот архимандрит Ефрем, софискиот митрополит Стефан, новосадскиот митрополит Стратимировиќ, цариградскиот патријархот Мелетиј ИВ, српскиот владика Николај Велимировиќ   (скоро канонизиран за српски светец)… Колку тоа придонесло да се најдат масонски симболи во православните храмови? Може ли тие да се сметаат само за масонски или за црковни…, или, пак, начин на уметничко изразување на зографите и на резбарите?

Масонските тајни што се изразени преку уметноста (архитектурата, сликарството, скулптурата, музиката итн.) се видливи само за слободните ѕидари, а за непосветените се обична орнаментика или симболи од поинаков, профан, карактер.

Присуството на севидливото око и на триаголникот низ црквите во Република Македонија е предмет за дилема: дали се работи, пред се, за православни, религиозни симболи или, пак, можеби масоните на тој начин оставиле печат? Се работи ли за масонското севидливо око што го симболизира Големиот архитект на вселената или за православното недремливо око што го симболизира Господа? Окото за масоните е симбол за Сонцето, кое, пак, уште од паганските времиња е еманација на светлина  и  живот, на логосот (зборот) како творечки принцип и, во крајна линија, за нив тоа е Големиот архитект на вселената. Дали триаголниците се симбол за светото тројство или, пак, се работи за масонски симболи што ја одразува масонската хиерархија? Дали тн. Давидова ѕвезда е масонско-дуалистички симбол на еквилибриумот на доброто и злото, на светлината и на мракот или, пак, православен симбол преземен од Стариот завет?

СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО Е ОБРАЗОВАНИЕ

Образованието е во центарот на слободното ѕидарство. Неговото значење веќе долго време се истакнува. Уште во средниот век училиштата се одржувале во ложите на каменоресците. Морало многу да се знае за да се изгради катедрала геометрија, градежно инженерство, како и математика, само за да се започне градбата. А ова образование не било лесно достапно. Сите постоечки училишта ги подготвувале луѓето за кариера во Црквата или за право и медицина. Каменоресците не потекнувале од аристократијата. Затоа морале во ложите да ги научат неопходните вештини и знаења. Оттука потекнува приврзаноста на слободните ѕидари кон образованието.

Тоа продолжува и до ден-денеска. Во целиот свет слободните ѕидари денеска ги помагаат образовните установи, акциите за описменување и прават сé што можат секоја особа, била возрасна или дете, да се здобие со најдобро можно образование.

Слободното ѕидарство постојано го помага образованието и интелектуалното напредување на своите членови, инсистирајќи што повеќе да се учи за разни работи, повеќе им се помага на оние кои сакаат да останат ментално здрави и млади.

ШТО УЧИ СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО

Слободното ѕидарство учи на важни принципи. Нема ништо изненадувачко на тој список. Слободното ѕидарство учи:

бидејќи е Бог творец, сите мажи и жени се божји деца. Затоа сите мажи и жени се браќа и сестри, достојни за почитување, чие мислење мора да се уважува и мора да се води сметка за нивните чувства;

секој поединец мора да си ја преземе одговорноста за својот сопствен живот и за своите дела. Ниту богатството, ниту сиромаштијата, ниту образованието, ниту незнаењето, ниту здравјето, ниту болеста, никого не можат да го ослободат од обврската да го прави она најубаво што тој или таа можат да го направат зависно од околностите;

никој нема право на друг да му зборува во што таа или тој мораат да   веруваат или да мислат. Секој маж и жена имаат потполно право на: интелектуална, духовна, економска и политичка слобода. Ова право го доделил Бог, не човек. Сите тирании, во било каква форма да се јават, се незаконски;

секој поединец мора да учи и да ја применува самоконтролата. Секоја индивидуа мора да обезбеди својата духовна природа да ја надвладее анималната. На друг начин, би можеле да речеме дека дури и, ако е во искушение да побесне, не смее да биде насилен. Дури и ако е во искушение да биде себичен, мора да биде дарежлив. Дури и ако е во искушение некого да го отпише, мора да памети дека е и тој или таа човечко битие и дека заслужува наше почитување. Дури и ако го мрзат, мора да возврати со љубов или, во најмала мерка, не смее да возврати со омраза. Тоа не е лесно;

верата мора да биде во средината на нивниот живот. Таа вера се наоѓа во домовите на богослужбата, не во слободното ѕидарство, ама слободното ѕидарство постојано учи дека индивидуалната вера, без разлика на која и се припаѓа, центар е на исправниот живот;

секој поединец е должен да биде добар граѓанин, послушен на законите. Тоа не значи дека слободните ѕидари не се обидуваат да ги променат работите, ама за да ги промените мора да се дојде по легален пат;

важно е да се работи овој свет да се направи подобар за сите кои живеат во него. Слободното ѕидарство учи дека е важно да се прави добро, не затоа што тоа осигурува подеднакво одење на небото со тоа прашање се занимава религијата, а не братството туку затоа што должноста на ѕидарот кон другите мажи и жени е да го направи нивниот живот толку исполнет колку што може да биде;

честа и постојаноста на карактерот се од битно значење за животот. Живот без чест и карактер е и без значење.

КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА СЕ СТАНЕ ЧЛЕН

Особата која сака да му се придружи на слободното ѕидарство мора да биде машко (тоа е братство), здраво со тело и дух, да го достигнала оној број на годините   што  го  пропишало слободното ѕидарство во неговата   земја и  да  е  особа  од почит. (Треба да се разбере дека барањето здрав со тело и дух што потекнува од каменоресците од средниот век не значи дека физички хендикепираните особи не можат да станат слободни ѕидари; многу се).

Тоа се само формални барања. Но, постојат и други, не толку формални. Тој мора да биде подготвен да им помага на останатите. Мора да верува дека во животот има поважни работи од парите и задоволствата. И мора да сака да се развива и да напредува како човечко битие.

КАКО СЕ СТАНУВА СЛОБОДЕН ЅИДАР

Може да звучи изненадувачки кога се вели дека никој не се прашува дали сака да стане слободен ѕидар. Луѓето дури можат да помислат дека слободните ѕидари во нивниот град не ги сметаат за доволно добри за да им се придружат, ама тоа не се прави на тој начин. Со стотици години на слободните ѕидари им е забрането да ги прашуваат другите дали  сакаат  да  се  придружат во членството. Можат со пријателите да се зборува за слободното  ѕидарство.  Може да се зборува што е слободно ѕидарство. Може да се каже зашто тие се зачлениле. Ама не  смее да се прашуваат, а посебно да се наговараат, тие да се придружат.

За тоа постојат важни причини. Не е работата во тоа да се трудаат да бидат ексклузивни. Да се стане слободен ѕидар е сериозна работа. Да се стане слободен ѕидар значи да се реши постојано да се живее почитувајќи одредени начела. Неколку од нив се наброени да се живее чесно и вредно, да се одгледува меѓусебната доверба, да се биде подготвен со другите и да дели и да се грижи за другите и цврсто да се верува или не во Универзалниот Архитект на вселената или во Бога. Никој не може да се наговара на таква одлука.

Затоа, кога човекот ќе се реши да стане слободен ѕидар, тој бара од слободните ѕидари некој вид молба. Ја пополнува, пишува автобиографија и ја дава на слободниот ѕидар, кој ја носи во локалната ложа. Старешината на ложата одредува комисија, која го посетува тој човек разговара со него за слободното ѕидарство и  одговара на нивните прашања. Комисијата поднесува извештај до ложата и тогаш ложата гласа за молбата. Ако е гласањето позитивно, ложата го информира човекот за датумот кога ќе биде примен.

ШТО ЗНАЧИ СЛОБОДЕН ЅИДАР

Слободен ѕидар е човек кој се решил да се чувствува добро во однос кон себеси и кон другите. Се грижи за минатото, како и за иднината, работи што може, и сам, и со другите, да направи иднината да биде добро место за секого.

Луѓето со генерации одговарале на прашањето: Што значи да бидеш слободен ѕидар? Еден од најубавите одговори запишан во првата половина на минатиот век вели дека човекот е слободен ѕидар:

кога може да ја набљудува реката, планините и далечниот хоризонт со длабоко чувство на сопствената ситна личност во големиот поредок на работите, а сепак да има вера, надеж и храброст извор на секоја добрина;

кога знае дека во длабината на своето срце секој човек е толку племенит, толку зол, толку  боженствен,  толку ѓаволски и толку осамен како и тој самиот, и кога бара да запознае, да опрости и да го сака секој свој човечки побратим;

кога знае како да сочувствува со луѓето во нивните маки и, што повеќе, дури и во нивните гревови знаејќи дека секој човек води тешка битка со многу предизвици;

кога ќе научи да создава пријатели и да ги чува, а, пред сé, да биде пријател самиот со себе;

кога го сака цвеќето, кога знае птиците да ги лови без пушка и да го почувствува треперењето на одамна заборавената радост кога ја слуша насмевката на малите деца;

кога може да се почувствува среќен и со возвишен дух пред ситните кинења на животот;

кога ниту една мака не допре до неговиот слух без одѕив и кога ниту една рака не се подаде барајќи помош без неговиот одговор;

кога ќе пронајде добро во секоја вера што му овозможува на човекот да стане свесен на боженството и да ја увиди големината на смислата на животот, без разлика какво е името на таа вера;

кога може да погледне во калта покрај патот и да види уште нешто, освен тињата, и кога на лицето на најнесреќниот смртен побратим може да види уште нешто, освен грев;

кога знае како да се моли, како да сака, како да се надева;

кога верува во себе, во својот побратим и во својот Бог; во рака меч против злото, во срцето звук на песна среќен што живее, ама без страв дека ќе умре!

 

Таквиот човек е доброто до единствената вистинска тајна на слободното ѕидарство, онаа која сака да му ја подари на целиот свет.